Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
04.11.2010 11:00 - Битолският надпис от 1016 г. от македонски сайт
Автор: grigorsimov Категория: Политика   
Прочетен: 1051 Коментари: 0 Гласове:
5



Покрај многуте други лаги, фалсификати и великосрпски пропаганди, во така наречената "енциклопедија" издадена од МАНУ под редакција на еден добро познат "академик" чие што име оправдано се римува со Лаже, беше направен обид за безсрамен фалсификат и со таканаречениот "Битолски натпис".

"Битолскиот натпис" всушност претставува правоаголна мермерна плоча со испишан текст на старобугарски јазик и азбука. Натписот е поставен во 1015-1016 година по повод изградбата на тврдината во Битола, од страна на цар Иван Владислав - син на Арон, братот на цар Самуил.

Овој натпис е откриен во 1956 година во Битола и, за жал, денес е скриен во подрумските простории на Битолскиот музеј.

Во предговорот на "енциклопедијата" пишува:

"...во странските енциклопедии, особено во енциклопедиските изданија на соседите, премногу се скромни, измешани и изобличени селектираните факти и аргументи за Македонија и Македонците, за да се сфати и да се прифати "вистината" за вековниот комплекс на "македонското прашање"..."

Значи, во другите енциклопедии имало "измешани и изобличени факти за Македонија и Македонците", па затоа бЛаже решил во неговата "енциклопедија" да има вистини и само вистини :))

Но, што напишале за битолската плоча? Освен што ја претставиле како:

"...значаен споменик, важен извор за проучување на македонското кирилско писмо, македонскиот јазик и македонската историја..."

воопшто не го објавиле и објасниле текстот штп стои на плочата.

 

На плочата стои текст во превод:

"Во годината 6523 (1015-1016) од створението на светот се обнови оваа тврдина. ѕидана и правена од Иван, самодржец бугарски, со помошта и со молитвите на пресветата маченица наша Богородица, и со застапувањето на днаваесетте и на врховните апостоли. Оваа тврдина беше направена за прибежиште и спасение и за животот на Бугарите. Започната беше крепоста во Битола во месец октомври во ден 20-ти, и се заврши во месец (...) до крај. Овој самодржец беше Бугарин по род, внук на Никола и на Рипсимија благоверните, син на Арон, којшто е брат на Самуил царот самодржавен и коишто двајца ја победија во Штипон грчката војска на цар Василиј во годината 6522 (1014) од створението на светот во Клуч, и почина во крај на летото."

 

http://www.youtube.com/watch?v=uAuvLu7hww0&feature=player_embedded

 

 




Гласувай:
5



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: grigorsimov
Категория: Политика
Прочетен: 28360791
Постинги: 4299
Коментари: 7559
Гласове: 8247
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930